ЗНАМ:  СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет да нудат било какви концепти за Македонија

Реакција вечерва на партијата ЗНАМ која е коалиционен партнер на  Владата. реагираат на изјавата на претседателот на СДСМ Филипче со  која предлага концепт за нов општествен и политички дијалог во Македонија. 

-Македонската јавност не е дементна за да заборави дека директорот на Фондацијата Заев во претходните 8 години го промовираше концептот едно општество за сите, едно за Вицето.

Од тие причини, СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија овој момент. Оттука, Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем за секое решение. Дали самопрогласениот лидер на опозиција со ова бара начин да се факторизира како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка маса, имајќи ја в предвид очајната состојба на неговата партија?