Ракомет
Кузмановски со „бомба“ во последна секунда го расплака австрискиот голман, каков меч и реми против Австрија

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден одличен меч, овој пат против Австрија кој заврши без победник 29:29. Водството се менуваше во текот на мечот за двете репрезентации, се играше речиси гол за гол. На пет секунди до крајот на мечот Австрија имаше победа во рацете со погодокот на Хутечек. Остануваа уште пет секунди до крајт, Кире Лазаров побара тајм-аут, договорена акција, а потоа старт од центарот и „бомба“ на Кузмановски од огромна далечина за 29:29 конечни. Ова го расплака австрискиот голман кој не можеше да поверува дека примил ваков гол. Митев со 6, Пешевски 5 и Кузмановски со четири најефиакасни во нашиот табор, а во противничкиот Хутечек беше најефикасен со 6 погодоци.