Екс-репрезентативец на Англија ја прекина пензијата за да игра во десетта лига

Од Островот ни пристигнуваат интересни вести, a последната доаѓа и е поврзана со клуб кој се натпреварува во десеттиот ранг на англискиот фудбалски систем.

Вејкфилд АФЦ е член на Источната лига на северните окрузи, или десеттиот натпреварувачки ранг во англиската фудбалска пирамида и сега завршија интересен трансфер. Споменатиот клуб го враќа од пензија 36-годишниот голман Скот Лоуч.

За оние кои внимателно го следат англискиот фудбал, ова име е познато затоа што Лоуч одигра 14 настапи за англиската репрезентација до 21 година помеѓу 2009 и 2011 година, додека бранеше за Вотфорд. Во тоа време трипати беше дел и од сениорскиот тим, но не дебитираше никогаш.

По Вотфорд бранеше за Моркамб, Бредфорд, Ипсвич, Ротерам, Бури, Питерборо, Јеовил, Нотс Каунти, Хартлпул, Барнет, Честерфилд, а последен клуб му беше Дерби Каунти, кој го напушти на 1 јули 2024 година и се повлече од фудбалот.