Тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуасил, имаше забелешки на судењето во реванш-мечот од полуфиналето на Купот против Реал Мадрид.
Неговиот тим одигра херојски натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, каде што имаше предност од 1-3, но мечот влезе во продолженија, по што заврши со резултат 4-4, исход што го однесе Реал Мадрид во финалето на Копа дел Реј.
Сепак, Иманол Алгуасил смета дека Кралевите добиле клучна помош од судиите, особено при постигнувањето на третиот гол.
„Пред голот, односно корнерот од којшто беше постигнат погодокот, имаше офсајд од Мбапе што судиите не го досудија. Реал Мадрид е голем клуб и не му треба судиска помош. Сигурен сум дека ако ваква ситуација беше во наша корист, голот немаше да биде признат“, изјави Иманол Алгуасил.