Средбата, која има цел да ги разгледа следните фази на детално воено планирање, била договорена за време на телефонскиот разговор меѓу Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Состанокот следува по неодамнешната средба во Париз на т.н. „коалиција на подготвените“, која вклучува европски земји што ја поддржуваат Украина.
- Лидерите се согласија дека постои реален напредок во долгорочната поддршка за безбедноста на Украина, изјави портпаролот на британскиот премиер.
Во одделно соопштение, Зеленски нагласи дека ја цени позицијата на Велика Британија во вршењето притисок врз Русија.
„Потребен е силен притисок за да се одврати Русија од ширење на војната. Ова е уште поважно сега, кога Москва се потсмева на обидите на нашите партнери да го придвижат мировниот процес“, изјави Зеленски.
Во исто време, Кремљ соопшти дека Русија и САД ги разгледуваат можните опции за мировно решение на војната во Украина.