• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 12 април 2025 (МИА) - Во Полициската станица Кочани вчера во 07.34 часот било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29)  удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани. Притоа во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, додека малолетното лице се здобило со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

На 11.04.2025 година, околу 14.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, поточно на улицата „Маршал Тито“ во село Марена, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шкода“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(43) од Кавадарци и патничко возило „Фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.С. (29) од село Ваташа, кавадаречко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле препратени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Сопатникот, пак, од возилото „Фиат“ А.Ѓ (32) од село Ваташа се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 11.04.2025 година, околу 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Христо Татарчев“ и „Франк Харкорт Манинг“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.А. од село Ракотинци, скопско и мотоцикл „Пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје. Во несреќата малолетникот што го управувал мотоциклот се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, додека пак со телесни повреди се здобило уште едно малолетно лице кое што било сопатник на мотоциклот. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11/12/.04.2025 година на различни локации во Скопје, во одвоени случаи, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Р.(41), Н.Н.(23), Р.М.(19), Д.А.(19) и една малолетничка, сите од Скопје, како и М.С.(28) од Охрид, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја (кај лицето М.С.). По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 11.04.2025 година во 23.20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.М.(44) од Кичево поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.04.2025 година во 11.35 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица „171“ во Тетово, во близина на Сточниот пазар, го лишиле од слобода Д.А.(24) од село Градец, гостиварско. Кај него при преглед му бил пронајдена и одземена опојна дрога- кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 11.04.2025 година во 21.50 часот, полициски скужбеници од СВР Тетово на улицата „Јордан Златаноски“ лишиле од слобода 14 годишен малолетник од Тетово, кај кого при преглед му била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и предаден на инспектор по малолетничка деликвенција, а за настанот бил известен и јавен обвинител.  По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.04.2025 година во 06.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на подрачјето на Чаир, едно машко лице со закана со пиштол кон вработено лице одзело   1.460.856,00 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 11.04.2025 година во 09.00 часот во СВР Скопје, Р.Х.(54) од Скопје пријавил дека околу 08.50 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, две машки лица со употреба на физички сила го извлекле од неговото возило и физички го нападнале, а притоа се обиделе да му ја одземат и  чантата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.04.2025 година во 21.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(30) од Скопје, а по претходна пријава од страна на М.Т. од Скопје дека околу 20.05 часот на булеварот „8-ми Септември“ во Скопје, додека тој како совозач со неговата сопруга М.Т. со возило марка „Пежо“, се приклучувале од споредна улица кон булеварот, пред возилото дошол пријавениот К.П. во придружба со женско лице и по вербална расправија физички го нападнал пријавителот, истовремено оштетувајќи го и возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (12.04.) година во 06.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР  Штип го лишиле од слобода С.М.(47) од Штип  а по пријава за претходно нарушување на ЈРМ. Притоа приведениот упатувал закани по животот на полициски службеник и на неговото семејство додека извршувал службени дејствија. За настанот е известен надлежен ОЈО и по целосно документирање на случајот против С.М ќе следува  пријава по сонов на чл.144 ст.3 од КЗ на РСМ 

На 11.04.2025 година во 21.30 часот во СВР Тетово, Ќ.С.(47) од село Теново, тетовско, заедно со нејзиниот малолетен син, пријавила дека во основното училиште во селото, за време на големиот одмор нејзиниот син бил физички нападнат од четири други малолетници, ученици во истото училиште. За време на пријавување на настанот присутни биле преставници од Центарот за социјални работи Тетово и адвокат по службена должност. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Денеска (12.04.) полициски службеници од ОВР Гостивар во содејство со Државната пазарна инспекција и Трудовата инспекција извршиле акциска контрола во угостителски објект со локација во атарот на село Зубовце, гостиварско.  При контролата, поради основано соменије за злоупотреба на туристички престој приведени се три странски државјанки на возраст од 31 до 43 години и тоа две од Р.Албанија и една од Р. Бугарија. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

На 10.04.2025 година во 23.35 часот во село Смојмирово, беровско, полициски службеници од ОВР Берово го привеле Т.П.(32) од истото село поради тоа што откако првично управувајќи моторно возило „Ауди“ на патот од село Чифлик кон село Смојмирово околу 22.00 не застанал на даден знак „стоп“, набргу бил сопрен и при преглед е констатирано дека управувал под дејство на алкохол, со измерени 2,63 промили алкохол во крвта. Воедно, истото лице во 19,20 часот во Берово на улицата „23 Август“ предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во патничко возило „Фолксваген“ управувано од А.Т. (36) од Берово, по што го напуштил местото на настанот. За случајот бил известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Берово и по целосно документирање на случајот против Т.П. ќе следува соодветна пријава по член 297 од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Денеска (12.04.) во 01.02 часот на магистралниот пат А2 „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода И.Ј.(34) од Скопје, затоа што при сообраќајна контрола констатирале дека И.Ј. кој што управувал патничко моторно возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, е под дејство на алкохол, односно дека имал 2,26 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.П.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“. На 22.03.2025 во Градскиот парк, полициски службеници го затекнале пријавениот, кој во денови на жалост од звучник пуштал гласна музика.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Е.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 16.03.2025 на социјалната мрежа со лажно име на профил, пријавениот објавил текст со кој повикувал на насилство.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(74) од Куманово, како и против правно лице - угостителски објект од Куманово и Н.С.(18) од Куманово, а поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете“. На 21.02.2025, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, при што бил затекнат 14-годишник како консумира алкохолен пијалок.

фото: МИА архива 

 

Тагови

Остани поврзан