Фудбал
Димитриевски: Ми беше тешко да заспијам, на Македонија и овој народ му е потребна љубов!

Столе Димитриевски во пресрет на вечерашниот дуел со Велс во квалификациите за СП, вели дека е тешко да се игра во моменти кога целата држава е потресена поради големата трагедија во Кочани. Сепак, како што вели во моментов на овој народ му треба љубов, му треба сплотеност.
„Пред натпреварот со Лихтенштајн беше доста тешко поради трагедијата. По случувањата во претходните денови ми беше тешко да заспијам, бидејќи бев емотивен по тоа што го видов. Сега ова што ни следува, на Македонија и овој народ му е потребен љубов. Треба да бидеме сплотени и сите заедно, целиот народ. Во овој момент не помага ништо, па можеме да дадеме само љубов. Мојата порака до народот е да бидеме сплотени.
Секогаш кога доаѓав на прес-конференции имавме „чиста мрежа“, ајде нека биде така и против Велс. Нека биде ова нова среќа. Би сакал да имаме нов добар натпревар, работиме на тоа и подготвени сме. Ако успееме да се одбраниме имаме најмалку реми, а зошто да не дојдеме и до победа“.