ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.07.2024
Пожарот кај Горни Балван од воздух

Пожарот во близина на Штип, околу селата Горни Балван, Трогерци и Долни Балван и понатаму е активен. Од снимките со дрон се гледа колкава површина е зафатена, но и колку била тешка борбата на локални жители да спречат огнот да навлезе во селата и да направи катастрофални штети.

Во моментот на снимањето на овие снимки, огнот беше најинтензивен во близината на клучката кај Крупиште на експресниот пат Штип Кочани, и покрај патот кон Пробиштип. Во останатиот дел во близина на селата Горни Балван и Трогерци, интензитетот на огнот беше помал, но поради ветрот и сувата вегетација, опасноста од разгорување е присутна во секој момент.

Покрај патот Штип Кочани се гледа колку блиску бил пожарот до самиот пат и со можност да се префрли и кон Долни Балван. За селата Трогерци и Горни Балван дел од населението и луѓе кои вчера отишле да помагаат сведочат дека борбата со огнената стихија била речиси невозможна, и се направени големи штети.

Измени во субвенционираниот студентски оброк
Избрани единаесет нови гласови на „Отскочна даска“