Винисиус останув во Реал Мадрид, и покрај одличната понуда од Саудиска Арабија. Бразилското крило имаше понуда да ја смени средината, во трансфер во кој ќе беше најплатениот фудбалер, а Реал ќе добиеше неверојатни 350 милиони евра з трансферот.
Меѓутоа според најавите, Бразилецот ќе остане уште долги години во Реал Мадрид, а и неговите изјави го потврдуваат тоа. Тој искажа пофални зборови за Флорентино Перез.
„Перез ми веруваше уште кога бев дете, кога никој не знаеше за мене. Тој секогаш вели дека ќе играм за Реал Мадрид засекогаш. Тоа е неверојатно, затоа што кога сте толку далеку, не мислите дека еден ден ќе стигнете тука“, рече Винисиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА