22-годишен Македонец фатен со наркотици на ГП Прешево – во замена за пријава, треба да плати 100.000 динари во хуманитарни цели!

22-годишен Македонец е уапсен поради неовластено поседување наркотици.

Според информациите, на граничниот премин Прешево, меѓу Македонија и Србија, при редовна контрола на патник, српската полиција открила 3,17 грама марихуана.

По приведување и распит во Основното јавно обвинителство во Врање, наместо кривично дело „неовластено поседување наркотици“, младиот човек мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели, во замена за кривична пријава, судење и казна. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното