Македонија

Детали за пожарот кај Клинички: Горел автомобил, била зафатена и фасада од зграда (ФОТО)

Денеска (10.04.2025) во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од М.Г. од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Како што ексклузивно објавивме, претпладнево избувна голем пожар на оваа локација во населба Водно.

За среќа, пожарот е изгаснат и спречена е поголема непријатност. На ова место сега се гледа изгорениот автомобил и направената штета.

To top