Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека е „многу лут“ на Владимир Путин и се закани со „секундарни царини“ за купувачите на нафтата од неговата земја доколку рускиот лидер одбие прекин на огнот со Украина.
Во коментарите објавени од „Ен-Би-Си Њуз“ (NBC News), Трамп рече дека е „налутен“ од Путин затоа што фрла сомнеж во легитимноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски како партнер во преговорите и се закани дека ќе ја ограничи „целата нафта што доаѓа од Русија“. Тој подоцна додаде дека не мисли дека рускиот претседател „ќе се прекрши својот даден збор“.
Додека американскиот претседател се чинеше дека ги ублажува своите забелешки, заканите означуваат значителна промена на тонот на Вашингтон и укажуваат на можно влошување на односите со неговиот руски колега поради темпото на разговорите за прекин на огнот. Пред да ја преземе функцијата, Трамп рече дека може брзо да ја реши војната, но конфликтот уште беснее повеќе од два месеци подоцна.
Прочитај повеќе

Киев ќе бара повеќе американски инвестиции во економскиот договор за мир
Нацрт-предлогот на договорот ќе му даде на Вашингтон контрола врз сите големи идни инвестиции во инфраструктурата и минералите во земјата разурната од војна
30.03.2025

САД сакаат да ги контролираат инвестициите во Украина истиснувајќи ја Европа
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп бара „право на прва понуда“ за инвестиции во сите инфраструктурни и проекти за природни ресурси.
28.03.2025

ББА коментар: Кој може да ќари од обновата на Украина?
Обновата ќе биде огромен потфат кој ќе бара ангажман на најголемите европски градежни компании.
21.03.2025
„Сигурно не би сакал да воведам секундарни царини за Русија“, појасни Трамп подоцна во коментарите за новинарите на „Ер Форс 1“ (Air Force One), додавајќи дека е „разочаран“ од некои од неодамнешните коментари на Путин за Зеленски. „Тој треба да склучи договор со него, без разлика дали ви се допаѓа или не. Затоа не бев задоволен со тоа. Но, мислам дека тој ќе биде добар“.

Фрустрацијата на Трамп беше предизвикана од коментарите на Путин во петокот со кои тој имплицитно го оспорува легитимитетот на Зеленски предлагајќи Обединетите нации да ја преземат Украина со привремена влада надгледувана од САД, а можеби дури и некои европски земји.
Договор за ресурси
Трамп продолжи со притисокот врз Зеленски да се согласи на договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до ресурсите на Украина.
„Тој се обидува да се повлече од договорот за ретките руди и ако го стори тоа ќе има проблеми - големи, големи проблеми“, рече Трамп. „Ако сака повторно да преговара за договорот, тој има големи проблеми“.
Русија е еден од трите најголеми светски производители на нафта, што значи дека секој обид да се казни купувањето на руски залихи може да има далекусежен ефект врз нафтениот пазар, а какви било нарушувања може да додадат инфлациски притисоци.
Сепак, во недела на царини и други мерки за проценка, како и неизвесност дека руските резерви навистина ќе бидат погодени со давачките, цената на нафтата едвај се помести.
Доколку САД продолжат со притисоците, Индија и Кина, кои станаа клучни купувачи на намалените руски барели по целосната инвазија на Москва врз Украина, ќе се соочат со особен притисок. Извозот на руска сурова нафта во март достигна петмесечен максимум, а американските санкции врз руската флота на танкери со нафта покажуваат знаци на попуштање.
Трамп се заканува на Техеран
Трамп, исто така, рече дека размислува да го казни Техеран со неодредени „секундарни царини“ и ја повтори заканата за бомбардирање на Иран додека не потпише договор со кој се откажува од нуклеарното оружје.
„Ако не постигнат договор, ќе има бомбардирање“, ја цитира „Ен-би-си“ изјавата на Трамп.
Иран му рече на Трамп, како одговор на неговата увертира, дека нема да води разговори со неговата администрација, иако индиректната комуникација со САД останува можност, изјави во неделата претседателот Масуд Пезешкијан.
Заканите на Трамп „би требало да доведат до силна реакција на цените со оглед на загрозените количини“, рече Џовани Стауново, аналитичар за стоки во УБС (UBS Group AG). „Но, засега нема прекини во снабдувањето, само закани, а во минатото беа потребни вистински пореметувања за цените да се придвижат повисоко на одржлива основа“.
Цените на нафтата се зголемија на отворањето на денешното тргување, а златото достигна нов рекорд - но и двете се оладија кога Трамп ги ублажи своите закани.
„Ако Трамп е сериозен во казнувањето на рускиот нафтен бизнис, тогаш тој може да продолжи да ги санкционира бродовите, осигурителите и купувачите“, рече Гао Џијан, аналитичар во „Кишенг фјучерс“ (Qisheng Futures Co.). „Но, руската трговија со нафта е голема по обем и тој мора добро да ги процени и одмери добрите и лошите страни“.
САД минатата недела соопштија дека Украина и Русија се согласиле на примирје во Црното Море како следна фаза во напорите на Трамп да стави крај на војната, по нивното прифаќање на 30-дневниот прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.
Додека Украина рече дека веднаш ќе го почитува прекинот на огнот, Кремљ побара укинување на санкциите за Руската земјоделска банка (RSHB) и другите финансиски институции вклучени во надворешната трговија со храна и ѓубрива.
Се чини дека Трамп минатата недела измислил нова тактика за економско управување, заканувајќи се со секундарни царини за земјите кои купуваат нафта од Венецуела за да ја задуши нејзината трговија со нафта со другите нации.
Во заканата, потврдена во извршната наредба од Трамп, се вели дека земјите би можеле да се соочат со царини од 25 отсто за трговијата со САД доколку купат нафта и гас од Венецуела, која веќе е под тешки американски санкции. Овој потег требаше да изврши притисок врз Венецуела за „десетиците илјади криминалци на високо ниво и други криминалци“ за кои Трамп рече дека Венецуела ги испратила во САД.