logo
logo
logo

Агенцијата на Маск го смени и важниот директор за тутун во ФДА

Vecer | 01.04.2025

Агенцијата на Маск го смени и важниот директор за тутун во ФДА

- Со тешко срце и длабоко разочарување објавувам дека сум ставен на административно отсуство, се наведува во електронското писмо на Кинг испратено до вработените, по смената од страна на агенцијата на Илон Маск.

Кинг беше на функција од 2022 година. Тој беше критикуван поради неговата наредба за повлекување од тутунскиот пазар на вејп машините и електронските цигари со вкус на овошје. За време на мандатот на Кинг, употребата на електронските цигари кај тинејџерите се намалила на минимум.

Додека Кинг беше директор на ФДА не ги легализира на електронските цигари со вкус и покрај тврдењата дека тие ќе им помогнат на возрасните пушачи да се откажат од цигарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk