Рано утринава одекна експлозија од бомба која била фрлена врз познат белградски ресторан.
Како што неофицијално се дознава, бомбата била фрлена утринава околу 4 часот врз познат ресторан во Белград, а за среќа никој не е повреден.
– Непознато лице фрлило експлозивна направа, за која се сомнева дека е бомба, на ресторанот, поточно на терасата каде што експлодирала, предизвикувајќи оштетувања. Во ресторанот имало чувари, но за среќа никој не е повреден. Полицијата е известена, извршен е увид и истрагата е во тек – изјавил извор запознаен со случајот.
Според него, интензивно се работи на идентификација на лицето кое ја фрлило експлозивната направа.
– Мотивот за ваков напад не е познат, но се претпоставува дека ќе биде утврден по завршување на истрагата. Полицијата интензивно работи на идентификација на напаѓачот – додал соговорникот.