ВИДЕО: Голчиште на Гринвуд, Марсеј конечно победи во Лига 1

Екипата на Олимпик Марсеј на домашен терен славеше над Тулуз (3-2) и така им се врати на победите во Лига 1 по три порази во низа.

Играч на натпреварот беше Мејсон Гринвуд од Марсеј, кој постигна атрактивен гол во мрежата на ривалот. Тоа беше третиот на мечот, за 2-1, во 57. минута, со еден проектил од далечина.

Претходно, Суазо си даде автогол за предност на Марсеј од 1-0, а Магри израмни на 1-1. По голот на Гринвуд, во листата на стрелците се запиша и Рабио, а откако на Роу му беше поништен четврти гол за Марсеј, поразот го ублажи Сиеро во 76. минута.

Марсеј е второпласиран во Лига 1 со 52 бода, пред Монако со 50 бода.