Оклахома Сити Тандер го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 136-120 во регуларен натпревар од НБА лигата. Лејкерси доживеаја пораз по убедливата победа над Оклахома.
Тандерси уште еднаш беа предводени до победа од Гилџос-Александер кој пружи уште една партија која го доближува до МВП наградата.
Екипите играа во серија со многу промени во водството во текот на целиот натпревар, кој беше решен во последната четвртина.
Лука Дончиќ беше исклучен во четвртата минута од решавачкиот период, па Лејкерси осум минути не можеа да сметаат на него. Тимот од Лос Анџелес во тие моменти водеше со 108:107. Двете технички грешки словенечкиот репрезентативец ги заработи поради примедби до судијата.
Гилџос-Александар го искористи ова за да му донесе победа на домашните, а од тој момент Лејкерси играа безидејно и со голема нервоза. Канадскиот кошаркар постигна 42 поени со шест скока и шест асистенции. Вилијамс постигна 26 поени, Дорт 17, Холмгрен 14, а Валас 11.
Најстариот играч беше најефикасен кај Лејкерси. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 27 поени и седум скока. Остин Ривс постигна 24 поени, Лука Дончиќ 23, а Фини-Смит 11.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Мемфис 100:124
Кливленд – Чикаго 135:113
Индијана – Вашингтон 104:98
Орландо – Атланта 119:112
Бруклин – Њу Орлеанс 119:114
Њујорк- Бостон 117:119
Милвоки – Минесота 110:103
Оклахома – ЛА Лејкерс 136:120
Феникс – Голден Стејт 95:133
Клиперси – Сан Антонио 122:117
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА