• Горан Упале
ПСЖ во драматичен двомеч ја елиминира Астон Вила во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар на „Паркот на принцовите“ домашната екипа победи со 3-1. По само неполн половина час во реваншот „светците“ ја удвоија предност и на „Вила Парк“ поведоа со 0-2. Сепак, Астон Вила направи голем пресврт во следните половина час и поведе со 3-2.
На англискиот претставник му недостигаше само еден гол за продолжение и дотаму ќе стигнеше ако голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума не правеше чуда на голот.
Покрај големата борба на теренот, натпреварот на „Вила парк“ го одбележа и една несекојдневна ситуација, откако судијата Хозе Санчез ненамерно го „нокаутира“ Жоао Невес.
The ref fouled João Neves pic.twitter.com/XgcwwFTIJw
— CBS Sports Golazo (@CBSSportsGolazo) April 15, 2025
Судијата ненамерно со лактот го удри по лицето фудбалерот на ПСЖ, по што двајцата се најдоа на земја. За среќа инцидентот мина без посериозни последици.