Американската војска веќе два месеца испраќа воени бродови, борбени авиони, бомбардери, маринци, беспилотни летала и шпионски авиони во Карипското Море, што е најголемото распоредување на сили во регионот во последните децении. Бомбардерите со долг дострел Б-52 извршија демонстративни напади покрај брегот на Венецуела, претседателот Трамп го одобри распоредувањето на ЦИА, а кон Карибите е испратен и носачот на авиони и најголемиот воен брод во ...
Американскиот сенатор Линдзи Греам синоќа изјави дека копненен напад на САД врз Венецуела е „реална можност“. – Мислам дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, е шверцер на дрога и дека е време да си оди. Претседателот Трамп рече дека Венецуела и Колумбија предолго се безбедни засолништа за наркотерористи – рече Греам вчера за Си-Би-Ес. Тој посочи дека американскиот ...

