ВМРО-ДПМНЕ: ДИЖС утврди дека нема цијанид во Крива Река
- СООПШТЕНИЕ: Државниот инспекторат за животна средина утврди дека цијанид во водите на Крива река, нема.

Скопје, 4 април 2025
Повторно се докажа дека СДС шири лажни вести и ја манипулира јавноста.
Државниот инспекторат за животна средина утврди дека цијанид во водите на Крива река, нема.
Градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС, Сашко Митовски, велеше дека за 100 пати над дозволеното имало цијанид во водите на Крива река. За овие изнесени лаги и ширење на паника меѓу сограѓаните, кривично се одговара.
Митовски за политички поени во пресрет на локалните избори, свесно ширел паника и невистини во Крива Паланка. Сепак, за среќа на жителите на Крива Паланка, но и на граѓаните на Македонија, цијанид во Крива река нема над дозволеното.
Митовски треба кривично да одговара за свесно ширење на паника со цел собирање на политички поени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Фејсбук
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.