• Саше Љолес
Битола ќе се подготвува за нови ракометни возбуди. Градот потврди дека салата „Боро Чурлевски“ ќе биде домаќин на реванш средбата од баражот на македонската женска репрезентација за следниот Мундијал во Холандија и Германија. За организација на овојј натпревар аплицираа Општина Битола и ЖРК Пелистер.
Спортскиот објект ги исполнува условите за натпреварување, што значи дека Битола после седум години ќе биде домаќин на репрезентативен ракомет и сигурно навивачите ќе ја исполнат салата до последното место.
Последен пат машката селекција на Македонија играше во Битола во 2018 година и победи против Турција, а сега нашите девојки на 12 април ќе се соочат со репрезентацијата на Полска.
Едно е сигурно, битолчани живеат за ракомет, па затоа се очекува голема постеност и поддршка за нашите девојки.