Бекам сака да ги обедини Де Бројне и Меси во тимот на Интер Мајами

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бројне, стана цел на бројни трансферни шпекулации откако јавно објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Една од можните дестинации за Белгиецот е САД.


Според британските медиуми, Интер Мајами подготвува понуда за Де Бројне, но ќе мора да се натпреварува со клубови од Саудиска Арабија за неговиот потпис.

Претседателот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, сака да го види Де Бројне заедно со Лионел Меси и останатите ѕвезди, Луис Суарес, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Постои и можност клубот летово да се засили со Анхел ди Марија, кој е близок пријател на Меси.

Неодамна, Де Бројне беше поврзуван со најновиот клуб во МЛС, Сан Диего, но спортскиот директор Тајлер Хипс изјави дека ваков трансфер е невозможен поради финансиски ограничувања.

Де Бројне пристигна во Манчестер сити во 2015 година и оттогаш има одиграно 413 натпревари, постигна 106 гола и запиша 174 асистенции. Со Сити има освоено шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, пет трофеи во Карабао купот, три Комјунити шилд и една титула во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести