Финансии / Банкарство
БАНКАTA НА БиХ ГИ ЗГОЛЕМИ РЕЗЕРВИТЕ ВО МОНЕТАРНО ЗЛАТО
05.04.2025
Минатата година Централната банка на Босна и Херцеговина (ЦББиХ), согласно новата стратешка определба, го зголеми учеството на монетарното злато во вкупното портфолио на девизните резерви со откуп на дополнително количество злато.
Според податоците на крајот на февруари годинава, учеството на монетарното злато во вкупните девизни резерви на ЦББиХ е околу 3,5 отсто.
- Ова е најголемата количина на монетарно злато што ЦББиХ некогаш го поседувала од своето основање. На нивото на учество на монетарното злато во вкупните девизни резерви влијае пазарната вредност на златото, која е променлива категорија, но и вкупното ниво на девизните резерви, кое секојдневно се менува во зависност од побарувачката на домашна валута, велат од Фени од ЦББиХ.
Цената на златото во петокот се зголеми за дополнителни 0,6 отсто, на рекордни 3.073 долари за унца. Поради неизвесноста на финансиските пазари, цената на златото од почетокот на годината порасна за повеќе од 17 отсто, а тоа води кон најголемиот квартален скок од 1986 година, пренесува Бизнис.ба.
фото freepic