Connect with us

Фудбал

Мурињо во Фенербахче донесе екстра засилување од ПСЖ (ФОТО)

Турскиот клуб Фенербахче потпиша со едно од најголемите засилувања во својата богата историја. Имено, нов член на турскиот гигант ќе биде поранешниот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Милан Шкриниар, кој денеска ќе пристигне во Истанбул и ќе ја комплетира преселбата во Фенербахче.

Фенер веќе објави фотографија од словачкиот дефанзивец со дресот на Фенербахче, со што ги потврди информациите од турските медиуми за можното доаѓање на Шкриниар во Истанбул.