НА ЗАПАД ЌЕ ОСАМНЕ НОВА ЗОРА откако Трамп ќе ја преземе функцијата

17. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НА ЗАПАД ЌЕ ОСАМНЕ НОВА ЗОРА откако Трамп ќе ја преземе функцијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „на Западот ќе осамне нова зора“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата, со што ќе завршат „горчливите, тешките, болните и неуспешните четири години“ на администрацијата на Демократите во САД.

Орбан рече дека тие започнале „лошо“ затоа што „ја украле претседателската функција од Доналд Трамп“.

„Да не беше нивната измама во 2020 година, Трамп ќе останеше претседател, а војната меѓу Украина и Русија немаше да се случи“, рече Орбан, пренесе МТИ.

Орбан нагласи дека демократските администрации секогаш се разликуваат од републиканските, бидејќи, според него, основата на републиканците е национална, додека демократите се „глобалисти“ кои ги наметнуваат своите интереси преку глобалните организации.

Орбан рече дека демократите ги ставаат економските интереси пред политиката и имаат „силни намери да го направат светот подобро место“.

Како што изјави тој за Радио Кошут, Унгарија е уверена дека по завршувањето на украинскиот конфликт, Западот ќе ги укине санкциите против Русија и ќе воспостави нормални односи со неа.

„Најважно е дека, со оглед на изменетата ситуација, ќе започне нова фаза, пред се во однос на војна, мир и санкции. Санкциите ќе бидат напуштени. Односите со Русија ќе се воспостават без санкции“, рече тој.

Орбан додаде дека треба повеќе да се работи на ова бидејќи лидерите на ЕУ не ја менуваат својата позиција и во моментов се за продолжување на конфликтот во Украина.

„Но, ќе помине“, рече тој.

Американската агенција Блумберг претходно објави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан наводно им рекол на лидерите на ЕУ дека ќе донесе одлука дали да го поддржи продолжувањето на антируските санкции по инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Унгарскиот премиер изјави и дека Украина претставува опасност за европската економија, особено за земјоделството.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата