Деми Мур не го пропушти доделувањето на наградите БАФТА. На манифестацијата, таа беше номинирана во категоријата Најдобра актерка за улогата во „The Substance“.
На црвениот тепих во Лондон, 62-годишната актерка зрачеше со гламур во впечатлива креација со разголен грб.
Фустанот кој доаѓа од ателјето на Александар Меквин, Мур го искомбинира со обувки од Кристијан Лобутин и накит од De Beers.






За жал, Деми не успеа да ја освои посакуваната награда.







