ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Анти-рекорд на Лестер во Премиерлигата

Со најновиот пораз во Премиер-лигата на домашен терен од Њукасл, Лестер постави нов анти-рекорд во најсилното англиско фудбалско натпреварување.

„Лисиците“ претрпеа осум порази на домашен терен во низа, без ниту еден постигнат гол, што претставува најслабо издание на домашен терен на една екипа во историјата на Премиерлигата.

По 31. коло, четата на Руд ван Нистелрој се наоѓа на претпоследното место. Последнопласираниот Саутемптон е веќе испаднат, а истото веројатно му се заканува и на Лестер кој е во многу незадивна позиција.

Се вчитува...