Во кој град има најмногу богаташи?

Во Њујорк живеат 384.500 многу богати луѓе (HNWI – high-net-worth individuals), кои поседуваат имот вреден најмалку еден милион долари.

Со ова, Њујорк повторно го зазема првото место на листата на 50 најбогати градови во светот, која секоја година ја објавува меѓународната фирма Henley & Partners.

Во оваа бројка се вклучени и 818 луѓе чие богатство се мери во стотици милиони долари, како и 66 милијардери. Новиот извештај е доминиран од американски градови – дури 11 се најдоа меѓу првите 50. На второ место е Сан Франциско, со 342.000 богати луѓе, а интересно е што има дури повеќе милијардери од Њујорк – 82.

Во првите десет се и:

Токио со 292.300 богаташи

Сингапур со 242.400

Лос Анџелес со 220.600

Лондон со 215.700

Париз со 160.100

Хонгконг со 154.900

Сиднеј со 152.900

Чикаго со 127.100

Москва се наоѓа на 40. место, со 30.000 богати поединци, меѓу кои и 23 милијардери.

Авторите на извештајот истакнуваат дека Лондон и Москва се единствените два града во топ 50 кај кои во последните десет години драстично се намалил бројот на милионери – во Лондон има 12 отсто помалку, додека во Москва падот изнесува 25 проценти.

Од 50-те најбогати градови, најбрз раст – за повеќе од 100 проценти – имаат три града:

Шенжен, на 28. место, со раст од 142% и 50.800 милионери

Хангџоу, на 35. место, со раст од 108% и 32.200 милионери

Дубаи, на 18. место, со раст од 102% и 81.200 милионери, вклучувајќи 20 милијардери.

Зачлени се на нашиот е-билтен