“Ќе го нокаутирам Винисиус за 10 секунди“!

Винисиус Жуниор иако е одличен, фантастичен фудбалер сепак не е миленик на фановите нво светот на фудбалот. Се чини дека освен оние фанови на Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил, никој не го “мириса“ овој напаѓач. Можеби со причина, ако се знае како Вини се однесува за време на натпреварите, кога знае да провоцира па и да удира противнички играчи, а тоа најубаво го почувствува нашиот Столе Димитриевски пред неколку денови на средбата меѓу Валенсија и Реал Мадрид.
Инаку познато е дека Вини во минатото имаше дуели и со дефанзивецот на Мајорка, Пабло Мафео кој пак деновиве во еден подкаст си кажа што мисли за Бразилецот:
„Ако се најдеме во рингот, тогаш тоа ќе биде најгледан боксерски меч во историјата. И верувајте, ќе го нокаутирам Винисиус за 10 секунди. Нема сомневање кој ќе биде победник на тој бокс меч“ истакна Мафео и со тоа ја загреа атмосферата пред дуелот меѓу Реал Мадрид и Мајорка во рамките на полуфиналето на Суперкупот на Шпанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во денови на жалост Владата троши 400…
22 милиони 857 илјади и 961 денари…
Зградата на Општина Прилеп е ДИВОГРАДБА! –…
*Објава на Фејсбук на Зоран Милошески: -…
Прегазен пешак во Скопје, возачот побегнал
Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје…
(Видео) Тошковски за година дена не успеа…
Веднаш по доаѓањето на функцијата технички министер…
Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…
Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…