Андреа Пирло во едно интервју за италијанските медиуми говореше на најразлични теми, осврнувајќи се и на своето заминување од редовите на Милан. Извонредниот плејмејкер беше меѓу најважните играчи на „росонерите“, па изненадување за јавноста беше кога во 2011 година се пресели во Јувентус.
Тој одигра четири сезони за „старата дама“, потоа се пресели во Њујорк Сити и во 2018 година ја заврши кариерата, но и до ден денеска жали што не останал подолго на „Сан Сиро“.
„Многу ме нервира фактот што голем број луѓе до ден денеска веруваат дека јас сум инсистирал на заминување од Милан, што апсолутно не е вистина. Јас бев пресреќен таму, сакав да останам до крајот на кариерата, но не постоеја услови за такво нешто. Директорот Галијани и тренерот Алегри, тие беа луѓето кои ме избркаа од клубот. Ќе прифатев било какви услови, но воопшто не ми беше понуден нов договор, се правеше се за да си заминам. Кога се збогував од соиграчите, тоа ми беше еден од најболните и најтажните моменти во животот“, изјави 45-годишниот Андреа Пирло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА