ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

Објавено во: Македонија 31 Март, 2025 07:54
Нема крај на несовесното возење низ градските улици. Секојдневно нови примери за хаосот во сообраќајот и непочитувањето на сообраќајните правила.
Видеото објавено во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ на Фејсбук покажува уште еден возач кој претекнува преку две полни летни, вози во спротивната лента и поминува семафор на цврено светло.
Да биде парадоксот уште поголем, ова дрско непочитување на сообраќајните правила се случи на булеварот „Илинденски одреди“ во близина на Градскиот парк каде вообичаено има поголема фрекфенција од пешаци. Покрај непочитувањето и прегазувањето на двете полни ленти и возењето во спротивна насока, возачот помина и на црвено светло за автомобили со што ги изложи на ризик пешаците кои поминуваат на зелен семафор за пешаци
- На Илинденска преку две полни линии во спротивна насока и на две црвени помина. Што побрзо да се пуштат камерите, ова е претерано - пишува во објавата на социјалните мрежи.
Видеото може да го погледнете на овој линк.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина 24 годишно момче кое се лекуваше во Србија по пожарот во Кочани

ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „СTAНДАРД“: Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција
