Двајца тиквешани биле приведени во текот на вчерашниот ден. Едниот се сомничи за кражба, а другиот се однесувал агресивно, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода 21-годишниот Ф.М. од неготинското село Криволак. Тој се сомничи дека од куќа во селото, одземал предмети, појаснуваат од СВР - Велес.

Предметите биле пронајдени и одземени. Ф.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, ќе била поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го привеле В.К., 33-годишен неготинец, затоа што на бензинска пумпа во градот, агресивно се однесувал кон лицето П.В., на 47-годишна возраст, исто така од овој град. По документирање на настанот, најавено е против негo да биде поднесена соодветна пријава.


Администратор
07/04/2025 00:14