Лишен бил од слобода кавадарчанец по пријава од малолетнички, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

- Вчера во 15:25 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.С.(22) од Кавадарци, по претходна пријава од М.В (36) од Кавадарци, татко на малолетничка и Б.В.(31) од Кавадарци, мајка на малолетничка. Според пријавеното, малолетничките биле на гости кај А.С. и во моментот кога сакале да си одат, тој ја заклучил влезната врата, не им дозволил да си одат, а од едната малолетничка побарал да имаат сексуален однос, соопштија од СВР Велес.

А.С. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Администратор
03/04/2025 06:11