На интернет се појави видео, на кое се гледаат валкани замрзнувачи, месо на машина за сушење алишта и чинии со искубани и печени гулаби.
Лебарки и стапици за стаорци
Медиумите наведуваат дека ресторанот имал осум неисправни замрзнувачи полни со кеси со месо без етикета и датум, додека во кујната биле пронајдени лебарки и куп стапици за стаорци.
Немало термометар за контрола на температурата во просторот за складирање, а насекаде имало рѓосани и валкани садови, пишува Дејли мејл.
Нареди затворање на простории
Надлежните велат дека во ресторанот биле пронајдени и недозволени предмети како морски краставици чија трговија е забранета поради статусот на заштитена фауна.
Властите веруваат дека вработените ловеле гулаби по улиците, а потоа ги кубеле, ги подготвувале и ги нуделе како „печена патка“, пишува „Ел Мундо“.
По рацијата, наредено е ресторанот да се затвори, а сопственикот е кривично гонет за непочитување на прописите за јавно здравје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата