Манчини: Еден ден можеби повторно ќе бидам селектор на Италија

Роберто Манчини, поранешниот селектор на Италија под чие водство беше елиминирана од Македонија во баражот за Светското првенство во 2022 во Катар, не ја исклучува можноста еден ден одново да седне на кормилото на репрезентацијата на „азурите“.

Манчини беше прашан дали некогаш може да се врати во италијанската репрезентација, на што тој одговори:

„Италија има многу добар тим. Во основа сите играчи дебитираа под мое водство, и мислам дека може да направат добри работи. Репрезентацијата ми беше најдоброто искуство. Победа со националниот тим е сосема нешто друго. Којзнае, можеби еден ден ќе бидам повторно селектор“, рече Манчини.

Во последно време се споменуваше дека ќе биде директор на Сампдорија, но тој истакна желба да биде само хонорарен консултант на клубот, и да чека добра понуда да се врати на тренерската работа.

Се вчитува...