Сабато де Сарно ја презентираше својата прва Cruise колекција во прекрасна, живописна сценографија поставена во уметничката галерија Тејт во Лондон.
На овој начин креативниот директор на Гучи, оддаде почит на историјата на самиот бренд.
Магичниот сетинг налик на терариум беше во контраст со колекцијата која што, според официјалното соопштение, ја одликуваше "англиски карактер со италијански акцент."
Едноставност и динамичност кои проткајани низ креациите го отсликуваа духот на градот и неговата култура каде што започна сè.
Цела палета на пастелни бои во форма на провидни лелеави фустани и наметки... џинс и кожни јакни, кратки шорцеви, мини здолништа и флорални принтови...
Сето тоа мајсторски изработено преку деликатните везови на вештите, мајсторски раце посведочи за креативниот талент на Сарно истовремено поклонувајќи се на големиот Гучио Гучи.
Едноставно волшебно на уметнички начин - Cruise 2025.
Фото AP Images