Планирани се активности за продолжување на градежните работи за изградба на нов објект во Тетово, предвиден за театар и библиотека, а исто така и за зградата на НУ Турски театар – Скопје, како и изградба на Стар театар во Струмица. Дополнително, ќе продолжи реконструкцијата на објектот на театарот во Куманово, а ќе следи и обновата на НУ Музеј на Македонија. Во Битола ќе започне реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“ во рамки на НУ Народен театар – Битола. Владината прес-служба информира дека овие дејности се предвидени со Информацијата за Програмата за изградба на нови објекти и обновување на постоечките, кои се користат од јавните установи за културата за 2025 година, прифатена на 65-тата владина седница. Планирани се вкупно 11 активности, а Министерството за култура и туризам заедно со националните установи за култура се носители на овие проекти. Финансиските средства предвидени за спроведување на активностите од Програмата се утврдени во Буџетот на Министерството за култура и туризам за 2025 година и изнесуваат 123 775 000 денари.
The post Планирани активности за театарска инфраструктура во износ од 123 775 000 денари appeared first on 365.mk.