Шкендија Арачиново во рамките на осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе му гостува на Тетекс во Тетово. Клубот преку социјалните мрежи ги информира своите навивачи и јавноста дека добиле дозвола од домаќинот за присуство на гостински фанови. Тие објавија информации околу натпреварот, а нагласија дека се очекува да имаат околу 400 поддржувачи во Тетово. Оваа сезона Шкендија Арачиново иако е новајлија во ВМФЛ е во налет и целта е влез ...
Шкендија Арачиново го победи Тетекс во Тетово со 2-1 и барем до вечерва новиот второлигаш од селото крај Скопје ќе биде лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига. Шкендија има 20 бодови после осум кола, а Брегалница Штип има 17 бода, и од 18 часот игра дома со Скопје кој е четвртопласиран. Третопласираната Беласица беше поразена во Кочани од Осогово со 1-3 и струмичани за кои ова е втор пораз по ред, малку го губат чекорот со ...

