ИНА МНОГУ ФИНА НИ ЈА ПЛЕСНА ВИСТИНАТА ВО ЛИЦЕ: „Црева? Тие во црвената кутија тука кај лифтот? Ги продаде Баже“

Објавено во: Македонија 01 Април, 2025 13:12
Хидрантите, протипожарните скали и апарати се тема на дискусија откако се случи катастрофалниот пожар во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а над 200 беа повредени.
Локалните инспекциски служби почнаа да спроведуваат контроли за да се провери каква е состојбата во сите институции но и во станбени згради, при што многумина ја обновија опремата, но голем дел од нив за жал беа украдени.
Инфлуенсерката Ина Многу фина, речиси секогаш ги коментира општествените проблеми но и скандали.
Овој пат мотивирана од немањето хидранти но и заградени пп скалила, ни ја плесна вистината во лице на сите нас.
„Ништо не е безбедно Габче ништо, не знам како ќе тераме вака. Ние сме на шести, да. Излез за евакуација? Тоа се овие пожарникарскиве скали? Имаме Габче ама ние како се доселивме година две не видов јас пожарникар на скалите и го заградивме тоа, дуваше од таму. Знаеш како, дома го осеќав од под врата, ме шибаше во стопалата, викам од кај иде ова ладно? И ги заградивме. Па од овие што го земавме станот едно плакарче остана таму го ставив и си редам тегли, нешто вишок што ми е дома, стариот тепих е таму, шољата од вц ама таа како нова, ќе се најде. Имам некои стари тавчиња. Точаче имаме од Клементина кога беше мала. И седат и ако не ми притребаат 10 години ги спуштам во подрум. Ама си треба тоа. Овие од карши, да не викам сеа све се слуша, Весна оваа маж и што е ортопед тоа за крв, ми вика што сме го заклучувале тоа таму. Па сите ли да оставаат таму? Имаат подруми сите исто ко нас. Јас сум дала пари тоа да се затвори да не дува, мое си е. Многу се сељаци во зградава, многу. Еве од вториот влез еден тој со Пежо едно, тука се паркира под прозор. А ние имаме зонско сега, се плаќа и обележани се местата ама ние тука живееме од пред зонското не може да се паркира. И имам една канта од поликолор што кречевме, ја измив и сега ја ставам на тоа место му го чувам на Баже. Наше е тоа, од секогаш тука сме ја ставале. Сега мене општината ќе ми кажува секој може да паркира, ма немој. Сељаци. Црева? Тие во црвената кутија тука кај лифтот? Ги продаде Баже. На пазарот во Маџари ги однесе и ги продаде за да купи сијалици за во влез, не работеа, а овие господава нејќеа да дадат пари. Шо ќе ти се, само прашина фаќаа, па ние тоа го дишеме. И една боцичка имаше за пожар во кола ни е, тоа нели мора да имаш па ја стави Баже да не ја фрла. Вие имате заден влез? Имавме и ние ама го заѕидавме да не ни влагаат наркомани. Кога е отворен влезот напред и таа врата позади знаеш како шибаше промаја? Уууу те сече. И ја заѕидавме. Не е безбедно Габче ништо не е ко шо треба, кој да провери од зградава, со кого да се договориш ко човек, со сељациве?“, напиша таа на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина 24 годишно момче кое се лекуваше во Србија по пожарот во Кочани

ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „СTAНДАРД“: Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција
