Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат.
Ваква одлука донел Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На останатите 14 лица одбиени им се жалбите и за нив е потврдена мерката притвор.
На социјалните мрежи има бројни реакции поради одлуката на судот, а се огласи и познатиот адвокат Јанаки Митровски:
Судот во Кочани им го замени притворот на двајца поранешни градоначалници и екс директорката на пазарен инспекторат со куќен притвор по само пет дена ќорка, кривичен совет им ги уважи жалбите.
Така се прави тоа само за богатите и моќни, определи притвор на старт да се смири раја, после почнува бизнис!!!!!