Денеска во Кривичниот суд Скопје со сведочење на првобвинетиот Љупчо Палевски – Палчо продолжува судењето за грозоморните убиства на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска.
После Манев, Кешишев, Видевски и Александар Ѓорчевски, сега е на ред Палевски.
Манев претходно кажа дека во двете жртви пукал токму Палевски, додека Кешишев кажа дека не бил на местото на убиството на Панче и чекал во автомобилот, додека за убиството на Вања рече дека го видел Палчо со пиштол непосредно пред да биде убиена Вања.
Жежовски беше пријавен за исчезнат на 24. ноември 2023 година, додека Ѓорчевска исчезна на 27. ноември. Потоа беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Целта, според сведоците, била да се земат пари за откуп. Односно, Панче да се замени со некоја жена, но веднаш биле ликвидирани.