• Горан Упале
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, триумфираше на Големата награда на Јапонија, третата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Холанѓанецот славеше четврта година по ред на „Сузука“, а со тоа ја забележа и првата победа сезонава, пред Ландо Норис во Мекларен. На двајцата на подиумот им се придружи колегата на Норис, Оскар Пјастри.
Drama in the pit lane as Verstappen and Norris exit side by side jostling for the race lead!#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/TmdkvM1tuW
— Formula 1 (@F1) April 6, 2025
По нив следуваа Шарл Леклер, кој ја забележа јубилејната 150-та трка во кариерата, потоа Џорџ Расел, Андреа Антонели, Луис Хамилтон, а Топ 10 го комплетираа Исак Хајар, Алекс Албон и одличниот Оли Берман.
Трката во „Сузука“ беше одбележана со инцидент на излезот од боксот, кога Верстапен и Норис во истиот момент тргнаа да менуваат гуми. Четирикратниот светски шампион ја задржа линијата, Британецот се обиде да го претекне преку линијата, се чинеше дека Верстапен малку го турна, па тој излета на тревата, но директорот на трката оцени дека нема потреба од дополнителна истрага.