• Иван Димовски
Кошаркарите на Барселона се радуваа на победа на гостувањето кај лидерот Фенербахче (75-83) во 33. коло на Евролигата.
Последниот домашен натпревар за турскиот гигант не мина според планот, па претрпе удар во борбата за водечката позиција. Олимпијакос има шанса в петок со победа над најслабиот тим во лигата Алба во Берлин да скокне на врвот.
Околу натпреварот, првата четвртина беше израмнета и екипите се менуваа во водството. Фенер беше подобар до полувремето, бидејќи во вториот период стигна и до двоцифрена предност (50-39). Поведоа Турците и со највисоки +15 на стартот на второто полувреме, а потоа Барселона се наметна и се врати во игра.
Со одлична последна четвртина каталонскиот тим успеа да го сврти резултатот и на крајот да забележи многу важна победа во борбата за директен пласман во плеј-офот.
Најефикасен играч на средбата беше Паркер со 24 поени, додека Хајс од Фенер заврши со 20 поени.