Ралф Лорен со потпис на олимписките униформи на тимот на САД

18 јули 2024

Како што се наближува почетокот на спектакуларните Олимписки игри Париз 2024, модниот свет има можност да погледне многу колекции од познатите брендови за тимовите на земјите учесници.

Ралф Лорен стои зад тимот на САД уште од 2008-ма година. Оваа година, за церемонијата на отворањето на Олимписките игри, Ралф Лорен ја направи колекцијата со класичен американски крој по кој е препознатлив брендот, и токму тој сегмент од целата олимписка приказна на Лорен и САД ви ја прикажуваме денес.

На церемонијата спортистите ќе носат традиционален блејзер преку кошула на риги комплетирана со вратоврска и светли тексас панталони. Црвените, белите и сините акценти на колекцијата оставаат јасен впечаток за земјата на потекло на учесниците. 

"Оваа впечатлива облека претставува симбол на единство и инспирација и за нашиот тим и за милионите фанови кои ќе ги бодрат." - истакна Сара Хиршланд, извршен директор на Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД за колекцијата на Ралф Лорен.

Олимписките игри во Париз започнуваат на 26 јули, а ќе траат до 11 август.

Фото: Ralph Lauren

Објавено:
18 јули 2024
Категорија: 
Актуел
Тагови: 
Ralph Lauren