Фезер: Германија ја победи нелегалната миграција
- Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер денеска изјави дека за време на Владата на канцеларот Олаф Шолц е победена илегалната имиграција, зголемени се депортациите, а намалени се барањата за азил

Берлин, 1 април 2025 (МИА) – Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер денеска изјави дека за време на Владата на канцеларот Олаф Шолц е победена илегалната имиграција, зголемени се депортациите, а намалени се барањата за азил.
- Миграциската политика не е шега, туку менаџерска задача, што мора сероизно да се сфати, наведе Фезер.
Таа додаде дека изминатите две години двојно се намалени барања за азил, а бројот на лица кои нелегално престојувале во Германија и биле вратени во татковината е зголемен за 55 проценти. Во исто време, бројот на квалификувани работници, кои легално мигрирале се зголемил за 77 отсто.
- Бројките зборуваат сами за себе. Денес сме земја која повеќе инвестира во интеграцијата и е попривлечна за талентираните и квалификувани работници од целиот свет, посочи Фезер. ми/
фото: МИА архива