
Властите на Литванија ѝ предале на Украина шест системи за противвоздушна одбрана, изјави Владимир Зеленски.
„Има шест нови системи за противвоздушна одбрана од Литванија“, изјави Зеленски во видео-обраќање објавено на неговиот Телеграм канал.
Тој не прецизираше дали системите веќе се испорачани во Украина или за каков тип системи станува збор.
Претходно, Зеленски спомена дека постигнал договор со западните партнери за добивање лиценци за производство на системи за противвоздушна одбрана. Форбс претходно објави дека украинската армија, заедно со нејзините сојузници, почнала да бара начини да го замени оружјето за противвоздушна одбрана произведено во САД по контроверзната средба на американскиот претседател Доналд Трамп со Зеленски во Белата куќа.
Рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати нагласи дека снабдувањето на Киев со ново оружје нема да ја промени ситуацијата на бојното поле, туку само ќе го продолжи конфликтот.