Иако имињата на членовите на екипажот на хеликоптерот се уште не се официјално објавени, познато е дека станува збор за тројца членови на американската војска. Истрагата за причините за оваа несреќа е во тек, а Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната управа за авијација активно се вклучени во испитувањето на околностите кои довеле до судирот.
Оваа трагедија претставува една од најсмртоносните авионски несреќи во САД во последните 24 години. Според информациите кои кружат во американските медиуми пилот-механичар на урнатиот воен хеликоптер бил Рајан О’Хара. Тој е дел од класата на 2014 година во програма американската морнарица. Зад себе остави сопруга и едногодишен син.
Во несреќата загина и пилотот-инструктор, Ендрју Еванс, кој имал околу 1.000 часа летачко искуство. Неговите слики беа објавени на мрежата Икс. Третата жртва била жена, која имала околу 500 часа искуство со летање.
Нејзината слика беше објавена и на мрежата „Х“, но нејзиното име се уште не е соопштено. Таа била главен пилот за време на фаталниот лет. Според официјални извори, сите членови на екипажот биле многу искусни и запознати со рутата на летот во областа Вашингтон.