Продолжува неделата на шпански филм во Кинотека на Македонија. Денес, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го погледнете играниот филм „Елиза, љубов моја“. Елиза минува низ брачна криза и веќе девет години го нема видено својот татко Луис. По телеграмата што ја добива од сестра си Исабел, во која пишува дека татко им е тешко болен, таа ќе појде надвор од Мадрид за да го посети. Ќе остане подолго време со него, ќе ги дознае причините ...
Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во рамките на неделата на шпански филм, ќе биде прикажан играниот филм „Внатрешното море“. „ВНАТРЕШНОТО МОРЕ“ (2004), во режија на Алехандро Аменабар, е длабоко емотивен и трогателен филм, базиран на вистинската приказна за Рамон Сампедро, човек кој води долгогодишна битка за правото на евтаназија. Оваа драма го истражува комплексното прашање на животот, достоинството и смртта, со ...