Европски гигант одбил да го купи Роналдо зашто бил скап и – стар!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, почна да ги одработува последните шест месеци од договорот со Ал-Наср, што значи дека веќе може да преговара со други клубови според правилата на ФИФА.
Во моментов, нема потврдени информации за преговори за продолжување на неговиот договор, ниту за неговите идни планови. Медиумите во Шпанија објавија дека неговиот менаџерски тим го понудил Роналдо на ПСЖ, кој ги одбил со образложение дека Португалецот е прескап и премногу стар играч за нивните потреби.
Иако сè уште не е јасно дали ова значи враќање на Роналдо во европскиот фудбал, неговата амбиција да достигне 1.000 голови во кариерата покажува дека нема планови за пензионирање во блиска иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Дневен хороскоп за 27 март
Овен Овој ден, конечно ќе можете да…
Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…
До крајот на четврток 27 март во…
Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа
Русија има тајна база за нуклеарно оружје…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…