Протест на „Кој е следен?“: Повикуваме на будење и промени за подобри денови

Иницијативата „Кој е следен?“ денес одржа протест со мотото „Системот заборава, но ние не забораваме“ на кој повикаа на будење и промена на системот.

Еден од учесниците на протестот пред нашата камера рече дека е на протестот бидејќи тоа гледа како последен обид за да се допринесе за подобри денови.

„Многу трагедии ни се случија последниве 5-6 години. Последниве 35 години, исто така, не ни беа баш најдобри. Ајде да се обидеме уште еднаш. Во правосудството мора да има промени, мора да се намали корупцијата и да се надеваме на подобри денови“ рече тој.

Тој порача дека за да се постигнат промени мора да работат сите сплотени и заедно.

Организаторите на протестот најавија дека ова е повик за здружување, против заедничкиот непријател, системот кој сака да заборавиме.

„Но, ние не забораваме. Ние паметиме. И затоа, не заминуваме. Не се повлекуваме“ рекоа тие.

Зачлени се на нашиот е-билтен