„Кралевите“ до три бода против Алавес и покрај глупоста на Мбапе

Реал Мадрид за првпат сезонава во Ла Лига успеа да слави со минимални 1-0, и тоа на гостински терен против Алавес. Мечот ќе остане запаметен по бруталниот старт на Килијан Мбапе за кој голгетерот на Реал доби директен црвен картон, оставајќи го својот тим на цедило.

Резултатот во тие моменти гласеше 0-1 по прекрасниот погодок на Камавинга, а „кралевите“ знаеја како да ја задржат минималната предност до самиот крај. Анчелоти реши да ги уфрли Винисиус и Белингем откако двајцата не беа стартери на овој дуел, а токму врз Винисиус беше направен стартот по кој Санчез доби црвен картон во 70. минута и силите на теренот во последните 20 минути беа израмнети.

Домаќините се обидоа да стигнат до израмнување, но не создадоа ниту една стопроcентна шанса, додека Белингем промаши зицер на спротивната страна, за Реал на крајот да слави со минимални 0-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...